Стадо слонови од Британија ќе се вратат во кениската дивина

Фондацијата веќе врати во природата некои од животните родени во зоолошките паркови, вклучувајќи горили и црни носорози.

321

Велика Британија ќе врати стадо слонови во кениската дивина. Стадо сега живее во паркот на диви животни „Хаулетс“  на југот од Велика Британија, а фондацијата „Аспинал“ која ја планира операцијата тврди дека  е прва од ваков вид во светот.

Фондацијата, чиј директор за комуникации е сопругата на премиерот Борис, Кери Џонсон, има намера следната година да пренесе 13 слонови до Кенија. Тоа би било лет од 7.000 километри оддалеченост. А пак, вкупната тежина е 25 тони, и тоа, со еден авион. Најмладиот од слоновите, Нгуву е роден во март 2020 година.

– По неколку години проценка на придобивките и опасностите во Фондацијата, се одлучивме за овој невиден проект и оваа вистинска светска премиера – изјавија Кери Џонсон и претседателот на здружението – Дејмијан Аспинал за  „Сан“.

Фондацијата тврди дека на ваков начин ќе им се овозможи на да живеат подолго и да имаат подобар живот, бидејќи заробеништвото предизвикува стрес и депресија кај овие животни.

Фондацијата информира дека ќе работи со тимови кои се борат против ловокрадството, за да се обезбеди долгорочно преживување на стадото во Кенија.

Фондацијата „Аспинал“ веќе врати во природата некои од животните родени во зоолошките паркови, вклучувајќи горили и црни носорози.

 

Поврзани содржини