СТАДО ОВЦИ ВО ГРЦИЈА ИЗЕЛО 100 КИЛОГРАМИ КАНАБИС Овчарот забележал чудно однесување пред да дознае што се случило

Сопственикот на стаклена градина изјавил дека  родот веќе бил тешко погоден од жештините и бурата Даниел, а овците го изеле она што останало.

756

Стадо овци изеде 100 килограми марихуана од стаклена градина за медицински канабис додека се обидуваше да најде свежа трева за јадење по силните поплави од ураганот Даниел. Овчарот изјавил дека тие почнале да се однесуваат чудно пред да открие дека биле издрогирани.

Сопственикот на стаклена градина изјавил дека  родот веќе бил тешко погоден од жештините и бурата Даниел, а овците го изеле она што останало.






-Не знам дали да се смеам или да плачам. Имавме топлотен бран и изгубивме многу производство. Имавме поплави, изгубивме речиси се. А сега ова. Стадото влезе во стаклена градина и јадеше што остана. Не знам што да правам — се пожалил сопственикот на стакленикот за производство на медицински канабис.

Според британскиот весник Sky News. стадото пасело во поплавените рамнини на Тесалија во централна Грција пред да се упати кон стаклена градина во близина на градот Алмирос.

Топлотните бранови, шумските пожари и огромните поплави ја погодија Грција во текот на летото, уништувајќи многу области на обработливо земјиште и оставајќи го преживеаниот добиток да се бори да најде нешто за јадење.

Поврзани содржини