СТАДИОНОТ „ТУМБЕ КАФЕ“ ЦЕЛОСНО ЌЕ БИДЕ РЕКОНСТРУИРАН Кондовски планира да ги унапреди спортовите во Битола и во селата

Ќе се реновира и обновиа опремата и во Спортската сала „Боро Чурлевски“, како и ракомотеното игралиште, а тениското игралиште ќе работи и ноќе.

216

Продолжуваме со инвестициите во развојот на спортската инфраструктура. Ќе ги финализираме градежните работи на Градскиот стадион под Тумбе кафе. Средствата се веќе обезбедени и тоа ќе го направиме затоа што и досега како локална самоуправа вложивме над 4 милиони евра во овој проект, изајви денеска кандидатот за градоначалник на општина Битола од редовите на СДСМ Христо Кондовски.

– Инвестициите продолжуваат и со реновирање и обновување на опремата во Спортската сала „Боро Чурлевски“. Спортските здруженија на граѓани и клубовите добиваат подобри услови за спорт и рекреација. За ова е предвиден буџет од 500.000 евра, а активностите ќе завршат во рок од 2 години. Трибините на ракометното игралиште ќе се реконструираат. Предвидени се и нова соодветна подлога, обележување на терените и нова ограда – рече Кондовски.






Тој додаде дека планира тенис во Битола да се игра во текот на целата година.

-Тениските терени за таа цел ќе добијат монтажна покривна конструкција за да може да се користат во сите сезони -рече тој.

Кондовски најави и инверстиции во спортскоите капацитети и во битолските села.

– На стадионот во селото Лавци  ќе биде поставена целосно нова тревна подлога и систем  за наводнување. Ќе се игра и навечер затоа што поставуваме ново рефлекторско осветлување. Време на реализација на проектот е 1 година, а за истиот се предвидени 50.000 евра. Во функција ќе биде ставен и стадионот во Горно Оризари. Со целосно нова тревна подлога, систем за наводнување  и рефлектори жителите ќе уживаат во добри услови за спортување. Дополнително, до стадионот ќе се изгради и соодветен паркинг простор. Време на реализација на проектот е 1 година, а за проектот се наменети 100.000 евра – рече Кондовски.

 

Поврзани содржини