СТАБИЛНОТО ВРЕМЕ ЌЕ СЕ ЗАДРЖИ ДО ВТОРНИК Потоа следуваат заладување и дожд
До вторник ќе се задржи стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал 3 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе бидат во интервал од 8 до 20 степени.
До вторник ќе се задржи стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд.
Дневната температура ќе опадне за неколку степени.