СТАБИЛНОСТ ВО ВРЕМЕ НА НЕСТАБИЛНОСТ – ЗАМРЗНЕТЕ ЈА ЦЕНАТА НА ВАШАТА СТРУЈА Понуда од ЕДС за две години фиксна цена на струјата, плус подарок инвертер-клима

Изборот на снабдувач денес претставува стратешка одлука, која директно влијае врз финансиската стабилност на компаниите.

28

Во време кога енергетскиот пазар се соочува со ценовни флуктуации и неизвесност, компаниите сè повеќе ја препознаваат важноста на стабилен и сигурен снабдувач. Со цел да одговори на овие предизвици, ЕДС ја лансираше својата нова кампања која нуди договор на 24 месеци со фиксна цена на електрична енергија, обезбедувајќи им на компаниите долгорочна предвидливост и контрола врз трошоците.

Како дополнителен бенефит, клиентите добиваат инвертер клима уред во вредност од 25.000 денари, што претставува практична инвестиција во енергетска ефикасност.






– Во вакви услови, компаниите не бараат само пониска цена – тие бараат сигурност. Нашата понуда е насочена токму кон тоа – да им овозможиме стабилност и доверлив партнер во време кога тоа е најпотребно – изјави Александар Сарџовски, главен извршен директор на ЕДС.

Тој додава дека изборот на снабдувач денес претставува стратешка одлука, која директно влијае врз финансиската стабилност на компаниите.

Повеќе информации за новиот договор на 24 месеци со фиксна цена на струјата може да најдете на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини