СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со сончеви периоди и умерен ветер
По денешните врнежи, утре се очекува стабилизација на времето со сончеви периоди, а на крајот на неделата се најавуваат повремени снегови и засилен ветер.
Метеоролозите најавуваат преодна стабилизација на времето за утре. Се очекува променливо облачно со сончеви периоди и умерен ветер од југозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -9 степени во Берово до -2 во Гевгелија, додека дневните максимуми ќе бидат од 1 степен во Маврово до 9 степени во Гевгелија.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб променлив ветер. Температурата ќе се движи од -6 до 4 степени.
За сабота се најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен југозападен ветер, со минимални утрински температури од 0 до 6 степени и максимални дневни од 2 до 10 степени.
Во недела, според УХМР, нè очекува променливо облачно и студено време со повремени локални врнежи од снег. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието засилен од северен правец со брзина над 60 km/ч. Минималните температури ќе бидат од -5 до 2 степени, а дневните максимуми од -2 до 7 степени.