СТЈУАРДЕСАТА ЗАБЕЛЕЖАЛА НЕШТО ЧУДНО ПРЕД ЛЕТОТ Која е Кристина, единствената жена во авионот со Пригожин?
Руската стјуардеса Кристина Распопова на своите роднини им кажала дека со авионот се „манипулирало на чуден начин“ пред последниот лет
Кристина Распопова, 39-годишна стјуардеса била член на екипажот и единствената жена во авионот „Embraer Legacy 600“ кој се урна во областа Твер во Русија, а во кој беше шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, командант на таа единица, Дмитриј Уткин, и уште неколку припадници на приватната војска. Стјуардесата неколку часа пред полетувањето, му кажале на нејзиното семејство дека авионот се „поправа“ и дека летот доцни, пишува „Дејли стар“.
39-year-old air stewardess Kristina Raspopova was the only woman to be killed on Prigozhin’s plane.
She was the sister of Yevgeny Raspopov, a Deputy Prosecutor in the Chelyabinsk Region. pic.twitter.com/3UorEKos3k
— Visegrád 24 (@visegrad24) August 23, 2023
Рускиот портал rucriminal.info, тврди дека летот на Пригожин бил одложен пред полетувањето поради технички прегледи, што долева масло на шпекулациите дека авионот бил цел на бомба. Приказната за стјуардесата Кристина Распопова, според рускиот портал, фрла дополнителен сомнеж на авионската несреќа во која загина Пригожин.
Покрај тоа што била стјуардеса, Кристина Распопова има и интересна политичка позадина. Имено, таа е сестра на Евгениј Распопов, заменик-главниот обвинител на регионот Чељабинск, кој се наоѓа во азискиот дел на Русија, наведуваат медиумите.
Евгениј Распопов, по несреќата, изјавил дека неговата сестра му рекла дека пристигнала во Москва два дена пред летот, и дека чека да се врати во Санкт Петербург.
Распопова на своите роднини им рекла дека авионот не полетал во предвиденото време. Според изјави на нејзините роднини, стрјуардесата посочила дека авионот бил „поправен“ пред летот. Каналот ВЧК-ОГПУ на Телеграм наведува дека Распопова на своите роднини им рекла дека со авионот се „манипулирало на чуден начин“ пред неговиот последен лет и дека поправките што биле извршени биле „неразбирливи“.
-Авионот бил на итна поправка. Тие чекаа лет. Тоа била некаква рутинска поправка, ништо посебно. Стигнале до авионот и биле подготвени да тргнат. Сè било во ред. Се чини дека таа беше таму долго време додека го чекаше летот, најмалку неколку дена. Таа рече дека дестинацијата е во Русија. Чекаа да бидат повикани. Што се однесува до поправката, таа рече дека е или одржување или поправка. Тие чекаа наредба за да тргнат – изјавил еден од роднините на стјуардесата.
Непосредно пред трагедијата, стрјуардесата им се пожалила на најблиските за доцнењето на летот. Во средата наутро Кристина на социјалните мрежи објавила фотографија од појадокот и куферот додека чекала да се качи во авионот на нејзиниот последен лет.
Инаку, Кристина во моментот на смртта имала 39 години. Се вработила во компанијата МНТ Аеро, работела со договор и била задолжена за приватни летови.
-Таа отиде во Москва за да ги оствари своите соништа. Имаше силен карактер, беше многу амбициозна – изјавил еден од нејзините познаници.