ССНМ, ЗНМ и СЕММ: МВР и ОЈО да го санкционираат говорот на омраза кон новинари

Во последниве неколку дена, новинарите Борис Георгиевски, Љупчо Поповски и Борјан Јовановски беа предмет на напади, омаловажувања, клевети и говор на омраза на социјалните мрежи поради тоа што имаа свое, поинакво видување на завршните зборови на коментаторот на мечот Грузија – Македонија, Тони Стојановски.

1,964

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) најостро го осудува говорот на омраза на кој бевме сведоци изминативе неколку дена против повеќе новинари и една невладина организација и ги повикува надлежните органи и институции, пред се МВР и Јавното обвинитрелство веднаш да реагираат, за да се стави крај на ваквите напади бидејќи тие директно задираат во слобадата на изразување и слободата на медиумите.

„Во последниве неколку дена, новинарите Борис Георгиевски, Љупчо Поповски и Борјан Јовановски беа предмет на напади, омаловажувања, клевети и говор на омраза на социјалните мрежи поради тоа што имаа свое, поинакво видување на завршните зборови на коментаторот на мечот Грузија – Македонија, Тони Стојановски. Напоменуваме, дека аргументирано изразување на мислење за професионалноста или непрофесионалноста на одредена постапка е слободно изразување и не смее да биде предмет на говор на омраза, впрочем како што не смее да биде предмет на говор на омраза ниту коментаторот Стојановски за неговите завршни зборови“, се вели во реакцијата.






Претходно предмет на напади и говор на омраза, наведуваат од новинарските здруженија и синдикатот,  беше и целата редакција на агенцијата Мета, како и вработените во Фондацијата Метаморфозис, а предмет на навреди и напади беше и колегата Боби Христов и тоа по недоличните коментари од страна на претседател на партија и пратеник .

„Слободни медиуми и новинари се основа на функционирањето на секое демократско општество, а предуслов за таа слобода е и можноста за работење на медиумските професионалци во атмосфера ослободедна од закани и навреди.Новинарите работат за јавноста и дозволено е нивните постапки да бидат предмет на критика, но само доколку таа е аргументирана, културна и не предизвикува говор на омраза, повици за загрозување на нивната безбедност и слично“, се наведува во реакцијата.

Здруженијата ги повикуваат медиумите, особено дел од онлајн медиумите, да не пренесуваат/објавуваат пораки со пропагандистичка содржина кои ја подгреваат и онака зовриената атмосфера.

Поврзани содржини