ССНМ, ЗНМ и СЕММ апелираат за помош за ТВ Вис

645

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Здружението на новинари и Советот за етика во медиумите во Македонија со голема загриженост ја примија веста за опожарување на просториите на регионалната телевизија Канал Вис од Струмица .

Трите организации упатуваат заеднички апел до локалната самоуправа, државни институции, стопански субјекти, поединци да помогнат во рамките на своите можности за што побрзо враќање на телевизијата во етер . Локалните и регионалните медиуми во Македонија имаат посебно значење, бидејќи тие обработуваат теми од локален карактер кои се од јавен интерес . Без овие локални медиуми граѓаните остануваат лишени од важни информации кои се значајни за нивното секојдневно функционирање . Во кризни ситуации како оваа во која се наоѓа државата во моментов, важноста на локалните медиуми е уште повеќе изразена .






Се надеваме дека колегите од ТВ Канал Вис наскоро ќе се вратат на своите работни задачи и за почеток телевизијата ќе може да ја извршува барем својата информативна функција, велат новинарските здруженија.

Поврзани содржини