ССНМ ГИ ПОЗДРАВИ ИЗМЕНИТЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ, НО БАРА ЦЕЛОСНО НОВ ЗАКОН Синдикатот смета дека измените се дел од процесот

Според ССНМ, со овие измени онлајн изданијата беа изедначени во правата и обврските со останатите медиуми, а новинарите и медиумските работници го изборија својот статус на рамноправни со колегите од другите медиуми, статус кој претходно беше мета на арбитрарни толкувања и создаваше проблеми.

65

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги поздравува измените на Законот за медиуми, но истакнува дека за целосно стабилизирање на медиумскиот сектор потребен е нов закон целосно усогласен со Европскиот акт за слобода на медиумите.

Според ССНМ, со овие измени онлајн изданијата беа изедначени во правата и обврските со останатите медиуми, а новинарите и медиумските работници го изборија својот статус на рамноправни со колегите од другите медиуми, статус кој претходно беше мета на арбитрарни толкувања и создаваше проблеми.






„Уште со најавата на измените на Законот за медиуми минатата година ССНМ постојано укажуваше дека се потребни допрецизирања и пред сè, земање предвид на условите во кои работат локалните, но и специјализираните и непрофитните медиуми. Затоа ССНМ поднесе предлози до ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар), а потоа низ повеќе средби со Министерството за дигитална трансформација, две панел дискусии и постојани консултации со најголем дел од медиумите кои не беа вклучени во процесот на донесување на Предлог измените на Законот за медиуми придонесе за корекции на измените, што и се случи преку амандмани во Собранието. Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници ги сублимира и ги пренесе ставовите на важниот дел од медиумската сцена, како што се локалните и специјализираните онлајн медиуми до сите релевантни институции (Влада на РСМ, Собрание, Министерство за дигитална трансформација, АМВУ)“, се наведува во соопштението од ССНМ.

ССНМ останува на ставот дека овој потфат може само да се гледа како на дел од процесот што треба да заврши со донесување на комплетно нов Закон за медиуми преку сеопфатна јавна дебата во кој ќе бидат имплементирани сите елементи на Европскиот акт за слобода на медиумите (ЕМФА). Според Синдикатот, важни аспекти кои треба да се опфатат со новиот закон се механизмите за заштита на работничките и професионалните права на новинарите и медиумските работници, усогласување на дефинициите за медиум, сајбер безбедноста на новинарите и друго.

Поврзани содржини