ССМ ГО БЛОКИРА СОБРАНИЕТО Бара минимална плата од 600 евра и повисоки плати за 100 евра за сите

Неделава, според најавата на синдикатите, ќе има уште една блокада на Стопанската комора, а наредната недела ќе биде блокирана Вадата.

97

Сојузот на синдикати денеска во 9 ќе го блокира пристапот до Собранието со што ќе почне блокади на институции кои, како што велат од синдикатот, го кочат зголемувањето на минималната плата на 600 евра и зголемувањето на останатите плати за 100 евра.

Ќе бидат блокирани улиците Даме Груев и 11 Октомври кај зградата на Собранието.






Од ССМ велат дека со блокадата ќе биде испратена порака до пратениците дека тие се оние кои го блокираат законот за зголемување на минималната плата повеќе од една година и кои не сакаат да ја прифатат иницијативата на ССМ за намалување на функционерските плати.

– Пратениците се уште се прават глуви на иницијативата на ССМ за зголемување на минималната плата и на останатите плати за 100 евра, како и за последната иницијатива на ССМ за намалување на нивните плати за 80 проценти, односно да си ја намалат основицата за пресметка на плата од просечна на минимална плата и да ги намалат нивните коефициенти на сложеност – изјави вчера претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Според претседателот на Собранието Африм Гаши, законодавниот дом денеска ќе работи паралелно со протестот на ССМ. Очекува протестот да помине мирно, а ќе нема дополнително обезбедување на објектот.

– Нема да има специјално обезбедување на Собранието. Шефот на мојот кабинет се сретна со началниците во МВР, тие си имаат редовни безбедносни протоколи. МВР ги презема сите свои мерки. Се надевам дека се ќе биде мирно и ќе тече се како што треба. Така, тие ќе си протестираат, ние ќе си работиме – кажа Гаши вчера на брифинг со новинарите.

Неделава, според најавата на синдикатите, ќе има уште една блокада на Стопанската комора, а наредната недела ќе биде блокирана Вадата.

Поврзани содржини