ССМ ДОБИ СОЈУЗНИК ЗА ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА Морачанин информира дека ДОМ дава поддршка

ССМ бара пратениците да го поддржат и предложат законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата со кој таа би се се зголемила на 18.000 денари и спирално ќе се зголемат останатите плати.

371

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и пратеничката и претседателка на ДОМ, Маја Морачанин денеска имаа средба на која дискутираа за барањето на ССМ пратениците да го поддржат и предложат законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата со кој таа би се се зголемила на 18.000 денари и спирално ќе се зголемат останатите плати.

Од страна на пратеничката Морачанин беше истакнато дека предлогот на ССМ ќе биде поддржан и предложен во Собранието.






Од ДОМ во соопштението за средбата велат дека на овој начи работниците ја добиваат потребната поддршка во Собранието и од страна на пратеничката Морачанин, а се со цел унапредување на нивните работнички права и остварување на правото на достоинствена плата со зголемување на минималната плата и спирално ќе се зголемат останатите плати.

Претседателот на ССМ, Димовски истакна дека ССМ ја поздравува одлуката на ДОМ да го предложи до Собранието предлог законот на ССМ поднесен во декември за зголемување на минималната плата, нагласувајќи дека работниците ќе го ценат придонесот на пратениците кои им подаваат рака кога им е најтешко.

ССМ уште еднаш укажува дека во услови кога ниту најголемиот пораст на минималната плата во 2017 година не го загрозил стопанството – односно фирмите не отпуштале работници, не ги намалувале платите, ниту пак им се намалил профитот- туку напротив ја зголемиле продуктивноста и профитот, очекуваат и другите партии и пратеници во Парламентот да го следат примерот на ДОМ и да го сторат истото веднаш и да покажат дека се за работниците и за граѓаните.

Поврзани содржини