ССМ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА РАБОТНИТЕ МЕСТА Славески вели за минималната плата ќе има „утре“
Сојузот на синдикати на Македонија требаше да настапи со предлози за зачувување на работните места под налетот на рецесијата која се заканува да ѝ нанесе тежок удар на македонската економија., објави Славески на социјалната мрежа X.
Универзитетскиот професор Трајко Славески, поранешен министер за финансии и актуелен претседател на Советот на Град Скопје, на социјалната мрежа X гo критикуваше Сојузот на синдикати на Македонија кој денеска на состанок во Владата повторно барал зголемување на минималнатга плата, наместо, како пто наведува, да предложат мерки за зачувување на работните места.
Слевески ја прокоментира изјавата на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, дадена пред состанокот во Владата:
„На денешната средба во Влада, Сојузот на синдикати на Македонија требаше да настапи со предлози за зачувување на работните места под налетот на рецесијата која се заканува да ѝ нанесе тежок удар на македонската економија. Наместо ова, тие се фокусирале на притисоци за зголемување на платите како да ќе нема утре. Доаѓа време кога сите треба трезвено да настапуваме. Износот на минимална плата во однос на просечната во Република Македонија, кој во моментов изнесува 59%, како сооднос е меѓу највисоките во светот. Тој е далеку над препораките на Меѓународната организација на трудот (40% сооднос минимална/просечна плата) и на Европската комисија (50%)“, напиша Славески на X.