Срушен конакот на манастирот Свети Василиј Острошки, СПЦ смета дека е одмазда

Свештенството на Српската православна црква (СПЦ) наведува дека ова е одговор на власта во Црна Гора, откако митрополитот Амфилохиј најави литија на 14 јуни годинава.

1,186

Конакот во манастирот Свети Василиј Острошки во близина на Улцињ, срушен е утрово со полициско обезбедување, објавија локалните медиуми. Надлежните велат дека овој објект бил нелегален и дека ја нарушувал амбиенталната целина.

По налог на инспекциската служба и со асистенција на полицијата, ангажирана за рушење на конакот била фирма од градот Никшиќ.






Свештенството на Српската православна црква (СПЦ) наведува дека ова е одговор на власта во Црна Гора, откако митрополитот Амфилохиј најави литија на 14 јуни годинава.

Владиката Амфилохиј побара од црногорската власт да не го мачи народот и свештенството.

– Јас ги повикувам, па нека го направат тоа ако мислат дека на тој начин можат да го излечат овој народ од тој вирус со којшто сме затруени уште од времето на онаа безбожна идеологија – рече г. Амфилохиј.

Поврзани содржини