СРПСКИ ТУРИСТ СЕ УДАВИ ВО МОРЕ ВО БУГАРИЈА Телото е предадено на обдукција
Според првичните информации, на телото немало видливи траги на насилство.
Србин се удави на море во туристичкото место Обзор во Бугарија, пренесува бугарскиот сајт Факти. Телото на 54-годишниот маж било извлечено од водата во понеделникот. Според првичните информации, на телото немало траги на насилство, а било пренесено во во Одделот за судска медицина во Бургас за обдукција.
Обзор е приморско одморалиште на брегот на Црното Море, кое го посетуваат туристи од регионот.