Бесплатната патарина за Србите ќе ни црпне 2,8 милиони евра од Буџетот – изработени ќе бидат 200.000 картички
Како што е наведено во соопштението на Владата, М-Спарт картички ќе добијат сите српски туристи кои ќе транзитираат на Коридор 10 во периодот од 15 јуни до 15 август.
Туристите од Србија ќе добијат 200.000 електронски картички за бесплатна патарина во Македонија во текот на летото, соопшти денеска Владата.
Како што е наведено во соопштението, М-Спарт картички ќе добијат сите српски туристи кои ќе транзитираат на Коридор 10 во периодот од 15 јуни до 15 август.
„Во оваа насока е задолжувањето на Министерството за финансии да префрли средства во износ од 172.000.000 денари за набавка на 200.000 М-Смарт Кард на сметката на Владата, а ЈП за државни патишта да изврши сукцесивна испорака на предвидените количини на М- Смарт Кард. Се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта, откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, истите да ги врати на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија – Влада на Република Северна Македонија. Министерството за внатрешни работи е задолжено за распределба на електронските картички на возилата со српски туристи кои ќе влегуваат на територијата на Република Северна Македонија преку Граничниот премин Табановце“, наведено е во соопштението.