СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ ПРОТЕСТИРААТ ПО РЕЦЕПТИ ОД ХРВАТСКИ ПРИРАЧНИК? „Блокадната кухарица“ препорачува пленарно одлучување
Анархистичкиот прирачник потпишан колективно од студентите во Загреб во 2009 година ги пренесува искуствата од протестите и препорачува да се одлучува пленарно во студентски собранија формирани од сите заинтересирани студенти.
Студентскиот протест во Белград против претседателот Александар Вучиќ се одвиваат според упатствата од хрватската кница „Блокадна кухарица“, тврди претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ.
– Стратешки интерес на Хрватска е рушење на Вучиќ. Од каде е „блокадната кухарица“ на протестите во Белград? – праша Брнабиќ на „ТВ Хепи“.
Книгата „Блокадна кухарица“ послужила како водич за студентските протести во Загреб во 2009 година кога се бараше бесплатно студирање. Прирачникот објавен од Центарот за анархистички студии во Загреб може да се нарача по интернет.
Книгата е потпишана колективно од студентите во Загреб и препорачува пленарно одлучување. Таа ги пренесува искуствата од протестите.
