Српските олимпијци добија приоритет за вакцинирање против коронавирус 

српскиот олимпискиот комитет смета дека имунизацијата на спортистите ќе биде многу важен чекор кон заштита на целокупното население во Србија.

250

Српските спортисти и членови на нивните стручни штабови, кои веќе обезбедија настап на Летните Олимписки игри во Токио, како и оние кои се пред пласман, ќе имаат приоритетен пристап до вакцината против Ковид-19.

Одлуката вечерва ја соопшти Олимпискиот комитет на Србија (ОКС), по видео-конференциската средба на која учествуваа претставници на националните спортските федерации и околу 200 спортисти.






„Имунизацијата на спортистите ќе биде многу важен чекор кон заштита на целокупното население во Србија, што секако е приоритетна цел на сите нас. На овој начин спортистите ќе стекнат имунитет и нема да бидат преносители на овој исклучително заразен вирус, што е многу важно и општествено одговорно“, соопшти ОКС.

Поврзани содржини