Српските новинари добија елеци за да бидат побезбедни на протестите

Здружението најави и дека во наредните денови ќе набави нови количини маски и елеци, но ги повика и надлежните и демонстрантите да се грижат за безбедноста на новинарите кои, како што истакна, работат во интерес на јавноста.

202

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) денеска во Белград делеше заштитни маски и елеци со натпис ПРЕСС за редакциите кои известуваат од протестите.

Акцијата е организирана откако неколку новинари, сниматели и фоторепортери беа повредени во претходните денови додека известуваа за протестите во Белград, а целта на иницијативата е новинарите да бидат повидливи, но и надлежните органи и самите граѓани повеќе да се грижат за нивната безбедност.






Здружението најави и дека во наредните денови ќе набави нови количини маски и елеци, но ги повика и надлежните и демонстрантите да се грижат за безбедноста на новинарите кои, како што истакна, работат во интерес на јавноста.

Поврзани содржини