Српските невакцинирани здравствени работници ќе се тестираат по враќањето од одмор, ако сакаат да работат

Здравствените работници кои ќе ја игнорираат таа мерка ќе мора да одат на дисциплинска комисија, како и дека може да сносат кривична одговорност доколку заразат пациент.

281

 Болниците во Србија почнаа да воведуваат правило според кое здравствените работници кои не биле вакцинирани или не се заразиле со коронавирусот, мора да донесат негативен ПЦР-тест при враќањето од одмор, што ќе го платат сами, пишува Политика.

Весникот наведува дека мерката ќе важи до септември, затоа што здравствените власти стравуваат дека некој може да го донесе вирусот во болница по враќањето од странство.






„Во исто време, се верува дека многумина нема да сакаат да одвојат 9.000 динари за тестирање, дека ќе го променат својот став и дека сепак ќе одлучат за вакцината“, додава Политика.

Освен оние кои биле вакцинирани и оние кои го прележале вирусот, од оваа мерка се исклучени и лекарите на кои не им е дозволено вакцинирање поради комплицирана здравствена состојба или ја примиле првата доза.

Здравствените работници кои ќе ја игнорираат таа мерка ќе мора да одат на дисциплинска комисија, како и дека може да сносат кривична одговорност доколку заразат пациент.

 

Поврзани содржини