СРПСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ПРИРЕДИЈА НОВО ВООДУШЕВУВАЊЕ Премијата од милион евра ќе ја донираат за болните деца

Како што објавија српските медиуми, селекторот Драган Стојковиќ-Пикси и фудбалерите едногласно ја донеле ваквата одлука.

2,098

По вчерашната победа над селекцијата на Португалија и обезбедувањето директен пласман на Светското првенство во Катар идната година, српските фудбалери денеска приредија уште едно воодушевување.

Имено, премијата од милион евра што им ја вети српскиот претседател Александар Вучиќ доколку ја победат Португалија, српските фудбалери одлучија да ја донираат на посебна сметка каде што ќе се искористат парите за лекување болни деца.






Како што објавија српските медиуми, селекторот Драган Стојковиќ-Пикси и фудбалерите едногласно ја донеле ваквата одлука.

Инаку, синоќа во Лисабон се водеше страшна битка за првото место кое води директно во Катар, а кога навидум се чинеше дека сè е загубено поради нерешениот резултат (1:1), сепак, во 90 минута им се насмевна среќата на Србите кога Митровиќ ја смести топката во мрежата на домаќините.

Како што сега стојат работите, селекцијата на Србија директно ќе патува на Светското првенство во Катар, а селекцијата на Португалија ќе игра бараж, а можеби ќе се соочи со репрезентацијата на Македонија.

Поврзани содржини