СРПСКИТЕ ФИРМИ ВРАБОТИЛЕ 3.300 ЛУЃЕ ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН Вучиќ најави и увоз на работници од целиот свет, нашите институции молчат

Од нашата влада и Министерството за информатичко општество кои треба да го следат овој пазар засега нема никакви информации

270

Српските компании вработиле 3.300 луѓе преку отворениот пазарот на труд „Отворeн Балкан“, но тоа не е доволно и затоа Србија планира увоз на работници и од други земји.

Ова го соопшти српскиот претседател Алексaндар Вучиќ на Самитот на лидерите од Западен Балкан што се одржува во Црна Гора.






– Договорот за формирање заеднички пазар на труд во рамките на иницијативата Отворен Балкан има добар ефект врз Србија, бидејќи досега 3.300 луѓе ја искористиле оваа можност и се вработиле во Србија – рече Вучиќ.

Тој пред новинарите изјави дека Србија има недостиг од работна сила, иако формално сè уште има стапка на невработеност од 8,9 или 9%.

– Ќе мораме во наредниот период максимално да увезуваме работна сила од сите делови на светот, доколку сакаме да ја зачуваме нашата економска перспектива со стапка на раст и побрз напредок – рече Вучиќ.

Колку  луѓе од овој пазар се вработени во Македонија и Албанија, засега нема податоци.

Од нашата влада и Министерството за информатичко општество кои треба да го следат овој пазар засега нема никакви информации иако денеска се обидовме да добиеме податоци за тоа колку граѓани на Србија и Албанија се пријавиле за работа во  наши компании и од кои струки.

Поврзани содржини