СРПСКИТЕ БОРЦИ МУ ДАДОА ПЛАКЕТА НА ЗАЕВ Ги афирмирал вредностите на антифашистичката борба
Плакетата му ја врачи претседателот на Сојузот на здруженијата на борците од народно-ослободителната војна (СУБНОР) на Република Србија, Видосав Ковачевиќ.
На премиерот Зоран Заев, во рамките на програмските активности за одбележување на празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и по повод 80 годишнината од овој настан, му беше врачена плакета за неговиот значаен придонес во афирмацијата и негувањето на вредностите и традициите на антифашистичката борба од боречката организација на Србија.
Плакетата му ја врачи претседателот на Сојузот на здруженијата на борците од народно-ослободителната војна (СУБНОР) на Република Србија, Видосав Ковачевиќ.
На средбата која по тој повод ги собра ветераните од поранешните југословенски републики беа споделени сеќавања од некогашните заеднички заложби од народно-ослободителната војна и се разговараше за важноста на поддршката на ветераните од Втората светска војна за постојано да се промовираат придобивките од борбата против фашизмот кои секогаш треба да потсетуваат на најголемото зло за човештвото во 20-тиот век.