Српскиот политичар Палма направи журка со хармоника во авион ВИДЕО

740

Контроверзниот ексградоначалник на Јагодина, а сега претседател на Советот на градот, Драган Марковиќ Палма, отпатувал со здравствените работници во Египет и на вчерашниот лет се нашол со пеачот Радиша Трајковиќ Џани, пренесува српски Еспресо.

Случката заврши на социјалните мрежи откако Џани станал во авионот и во придружба на хармоникашот почнал да пее, шетајќи меѓу патниците.






– Пет минути подоцна Џани доаѓа кај Палма во бизнис класата, типот вади хармонка и тргнува песна. Новинарите снимаат, стјуардесите се обидуваа да ги смират, ама журката трае веќе половина час опишува девојка која сведочи за „концертот“ во авионот.

Таа на Твитер напиша дека ја повикала стјуардесата која и се извинувала и ѝ рекла дека се обидува да ги запре.

Поврзани содржини