СРПСКИОТ ПАТРИЈАРХ ПОРФИРИЈ ЗГРОЗЕН Со снајперист сакаа да го спречат чинот на љубов (ВИДЕО)
Ви благодарам на сите, но и ми е жал за секој што бил повреден на кој било начин и барам прошка. Му се молам на Бога за оваа земја, за овој народ и за сите луѓе и ги молам да се молат за мене, бидејќи се поблиску до Бога“, напиша патријархот.
Патријархот Порфириј, по напуштањето на Црна Гора, објави на својот Инстаграм дека некој во Цетиње сака да го спречи устоличувањето на митрополитот Јоаникиј со снајперист.
Треба да се потсети дека, заедно со конфликтите на улица, вчера наутро во манастирот во Цетиње беше устоличен нов митрополит на црногорско-приморската Митрополија, Јоаникиј. Поради блокади на патиштата и бројни групи демонстранти врз кои полицијата фрлаше солзавец, шок бомби и според некои фотографии испукани се и гумени куршуми, српскиот патријарх Порфириј и новиот митрополит на Јоаникиј пристигнаа во манастирот во Цетиње со хеликоптер со вооружени до заби полицсики специјалци.
Објавата на Порфириј во која тој тврди дека имало намера да се спречи устоличувањето со снајперска пушка ја пренесуваме во целост.
View this post on Instagram
„Се разделуваме, се надевам не за долго, со оваа благословена земја и народ, со двојни чувства. Многу сум среќен затоа што ја завршивме работата на Црквата, го востоличив митрополитот по волја на Црквата и луѓето од оваа епископија, народ кој длабоко ја сака црквата Свети Сава. Повеќе од тажен сум, дури и ужаснат од фактот дека на повидок имаше некои луѓе кои имаа намера да го спречат овој чин на љубов кон секого со снајперска пушка. Ви благодарам на сите, но и ми е жал за секој што бил повреден на кој било начин и барам прошка. Му се молам на Бога за оваа земја, за овој народ и за сите луѓе и ги молам да се молат за мене, бидејќи се поблиску до Бога“, напиша патријархот.
Погледнете и како изгледаше доаѓањето на Порфириј и новиот митрополит под огромно полициско обезбедување.