СРПСКИОТ ПАТРИЈАРХ ПОРФИРИЈ ПОКАЖА НАЈГОЛЕМА СМЕЛОСТ ОД СИТЕ ДОСЕГАШНИ ПАТРИЈАРСИ Ја призна нашата црква под уставното име, рече владиката Петар

551

Сакам да искажам благодарност до српскиот патријарх господин Порфириј кој покажа најголема смелост од сите досегашни патријарси, најголема жртва и најголема љубов кон нас Македонците и кон нашата Света црква за да бидеме признаени со сите помесни цркви и тоа под нашето уставно име Македонска православна црква – Охридска Аехиепископија.

Ова го рече митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, откако на храмовата слава во Соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, со благослов на српскиот патријарх Порфириј, гостуваше хорот „Прво белградско пејачко друштво“.






– Исто така се заблагодарувам на овој хор кој приреди радост со убавото пеење – изјави, меѓу другото, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозландски г. Петар.

Поврзани содржини