Позирање пред симболи на терористи кои се неспорно виновни за убиства на стотина цивили, жени и децa и зборување дека така се служи на граѓаните не е ништо помалку лицемерно, отколку да се сликате под знамето на Исламската држава и да говорите за верска толеранција.”, објави РТВ изјава на српскиот министер за одбрана Александар Вулин .
Вулин во пораката до македонската колешка прашува „зошто Шекеринска не се фотографира пред кукаст крст, односно нацистичкиот симбол „свастика““ или знамето на усташката држава НДХ и не каже дека тоа е ретро моден правец“.
Скандалозна фотографија на која вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари позираат пред симболот на УЧК поставен во канцеларијата, предизвика силни реакции во јавноста, посебно на социјалните мрежи.
Фотографијата е направена за време на посетата на министерката на општината Кичево каде што со градоначалникот Дехари тема на разговор била состојбата со ковид-19.