СРПСКИОТ ГОТВАЧ ПОДГОТВУВАЛ ЈАДЕЊА ЗА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА Таа му дала плик, очекувал барем 100 фунти, но…

Таткото на готвачот Милан Стојановиќ, Миќа Стојановиќ дури 24 години му готвел на Тито, а при посетата на Елизабета Втора готвел и за целата британска делегација.

353

Годинава се навршуваат точно пет децении од посетата на кралицата Елизабета Втора на поранешна Југославија, а во пресрет на нејзиниот погреб се сеќаваме на нејзината средба со Јосип Броз Тито во 1972 година во Белград. Во 1972 година ги посетила, меѓу другото, Загреб и Подгорица, односно тогашниот Титоград. Кои беа деталите од посетата и што се нашло на трпезата по тој повод? Овие детали за ТВ Прва ги откри готвачот Милан Стојановиќ, пренесува „Б92“.

Таткото на готвачот Милан Стојановиќ, Миќа Стојановиќ дури 24 години му готвел на Тито, а при посетата на Елизабета Втора готвел и за целата британска делегација.






„Татко ми ми раскажа дека посетата на кралицата Елизабета била најавена шест месеци однапред и веднаш почнале подготовките. Татко ми предложи неколку менија, кои горе-долу биле усвоени и модифицирани според желбите и начинот на исхрана на кралицата Елизабета. Првиот ручек бил во Белиот двор, а на менито: коктел од ракчиња, пудинг од спанаќ, кој наликува на пита или пандишпан, мисирка и круша во сос од шампањ“, изјавил Милан Стојановиќ.

Интересно е што во кујната на Јосип Броз Тито јадењата не се повторувале.

„Се гледа оброците да не се повторуваат долго време, не само во таа посета, туку и во наредните посети на други функционери“, рекол Стојановиќ.

Кралицата Елизабета била особено воодушевена од колачите што ги пробала во Југославија.

„Вториот ден од посетата се послужија колачи. Тој ден во Ѓаково кралицата требаше да добие липицанер на подарок од Тито, а во возот помеѓу појадокот и ручекот се служеа колачи. Фигаро, падобранци и медењаци, кој мојот татко лично ѝ го послужил. Таа учтиво го прашала дали е изморен, ги побарала рецептите кои биле испратени по протокол, а тој добил плик во знак на благодарност, се надевал дека е 100 фунти, но внатре била фотографија од кралицата и нејзиниот сопруг со потписи“, вели Милан Стојановиќ.

На познатиот готвач Мица Стојановиќ се сетиле и кога осум години подоцна отишол да готви во Лондон.

„Осум години по посетата на кралицата Елизабета на Југославија, татко ми готвеше на Светското првенство во Лондон, па го дочека насловот во весниците „Веќе ѝ готвел на кралицата““, заклучил тој.

 

Поврзани содржини