Српскиот епидемиолог Предраг Кон: Не се очекуваше ваков потенцијал на вирусот во лето

1,400

Српскиот епидемиолог Предраг Кон денеска изјави дека не се очекувало дека новиот коронавирус ќе покаже толкав потенцијал во текот на летото.

– Таа неочекуваност не се случи само кај нас. Каде и да се олабавија мерките, нагло се појавуваше –  рече Кон.






– Мислам дека сега сме на максимум од вториот врв. Многу е важно мерки да се воспостават, па дури и  ако не се почитуваат да  се применат санкции – посочи епидемиологот.

Кон изјави дека првичното затворање на државата е заменето со носење маски.

– Денес, постојат јасни истражувања кои покажуваат дека маската поединецот го заштитува само 30 проценти, но ако секој носи – тогаш заштитата е повеќе од 90 проценти – рече Кон.

Тој смета дека сегашното сценарио не е најлошото што можеше да се случи и дека фактот дека вториот врв се случил во текот на летото е олеснителна околност, затоа што „не се судира со сезонскиот грип“

Поврзани содржини