Српскиот актер вторпат позитивен на коронавирус ФОТО

931

Српскиот актер Вук Костиќ (40) по вторпат е заразен со коронавирусот, откако пред неколку месеци ја прележа болеста без посериозни симптоми.

Според написите во српските медиуми, актерот Вук Костиќ пред неколку месеци прележал коронавирус, и тоа без потешки симптоми, но неодамна повторно се заразил.






Костиќ преку Инстаграм потврди дека повторно е позитивен на тестот за ковид-19, но ги демантираше пишувањата на српските медиуми дека е во лоша здравствена состојба.

„Измислуваат глупости. Сè е во ред, нема пневмонија, ниту температура, благодарам на Бог. Само на хартијата пишува позитивно. Ова го пишувам заради луѓето кои искрено се грижат“, напишал тој на Инстаграм.

FOTO: Instagram/Fejsbuk

Поврзани содржини