Српскиот актер Ненад Јездиќ итно хоспитализиран поради коронавирусот, се огласи од болница

2,642

Познатиот српски актер Ненад Јездиќ вчера беше примен во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград со двострано воспаление на белите дробови, а како што откри, бил позитивен на коронавирус.

„Почитувани, откако во понеделникот тестот за коронавирус беше позитивен, јас бев пуштен на домашно лекување. По денешниот преглед, лекарите одлучија да ме задржат во болница, иако јас лично не се чувствувам многу полошо. Во добри раце, сè ќе биде добро. Грижете се за себе и за другите. Немам што повеќе да кажам на таа тема, ви благодарам за разбирањето. Ненад Јездиќ“, гласи СМС-пораката што ја испрати Јездиќ, пренесува „Блиц“.






ФОТО: Фејсбук

 

 

Поврзани содржини