Српскиот актер Милош Биковиќ заразeн со коронавирус, откри какви симптоми имал

1,374

Популарниот српски актер Милош Биковиќ се огласи откако медиумите напишаа дека е позитивен на коронавирусот и рече дека го прележал ковид-19 пред пет дена и дека веќе не е позитивен.

Како што пренесува порталот „Пинк.рс“, актерот сега се чувствува добро и нема поголеми проблеми, бидејќи, како што истакнал, имал благи симптоми на ковид-19.






Откако направил тест кој покажал дека е позитивен на кoронавирусот, Биковиќ со денови не излегувал од дома, во согласност со мерките против ширењето на вирусот, а досега не сакал да зборува за тоа.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини