СРПСКИ ЗНАМИЊА ГОРАТ ВО ТИРАНА Демонстранти излегоа на улиците поради доаѓањето на Вучиќ (ВИДЕО)

На протести повика Демократска партија на Љуљзим Баша. Протестот се организира во пресрет на доаѓањето на македонскиот премиер Зоран Заев, како и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на состанокот за „Отворен Балкан“.

691

Попладнево пред албанската влада во Тирана започна протестот против иницијативата „Отворен Балкан“, каде демонстрантите започнаа да палат српски знамиња.

На протести повика Демократска партија на Љуљзим Баша. Протестот се организира во пресрет на доаѓањето на македонскиот премиер Зоран Заев, како и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на состанокот за „Отворен Балкан“.






Голем број полициски сили се присутни во центарот на главниот град на Албанија.

„Отворен Балкан“ има за цел да го подобри животот на граѓаните во трите земји, да го олесни движењето на работниците, стоките и слично. И другите земји од регионот беа поканети да се приклучат, но тоа не се случи. Најголем противник на оваа иницијатива беше Косово.

 

 

 

Поврзани содржини