Српски владика позитивен на ковид-19 служел на погребот на патријархот Иринеј
Како што потврди РТС, епископот Давид бил тестиран веднаш по погребот на патријархот и наодот бил позитивен.
Српскиот епископ крушевачки г. Давид е позитивен на ковид-19 и пренесен е во болница, објави РТС.
Тој вчера го служеше погребното опело и литургијата на погребот на патријархот Иринеј. Како што потврди РТС, епископот Давид бил тестиран веднаш по погребот на патријархот и наодот бил позитивен.
Тој нема пневмонија, а поради сувата кашлица бил сместен во болница.