СРПСКИ ТУРИСТ ЗАМИНАЛ НА ПЛАЖА И ЈА ЗАБОРАВИЛ ПЛИНСКАТА БОЦА ОТВОРЕНА Се вратил и запалил цигара – нови детали за експлозијата во Аспровалта
Локалните медиуми сега објавија нови детали од истрагата, во кои се наведува што ја предизвикало детонацијата во која биле повредени туристите.
Грчките медиуми објавија нови детали за несреќата во која српски граѓани беа повредени во четвртокот попладне откако експлодираше плинска боца во сместувачкиот капацитет.
Петмина српски туристи беа повредени пред три дена во експлозија на плинска боца во нивниот сместувачки капацитет во Аспровалта, Грција.
Локалните медиуми сега објавија нови детали од истрагата, во кои се наведува што ја предизвикало детонацијата во која биле повредени туристите.
Експлозијата на боца со гас, сместена во приватен сместувачки капацитет изнајмен од српски туристи, се случи на 7 август околу 15 часот. Четворица српски државјани се здобиле со полесни повреди и не се задржани во болница, додека еден маж (41) се здобил со тешки повреди, но е во стабилна состојба.
– Се сомнева дека експлозијата се случила откако еден од српските туристи заборавил да ја затвори боцата со гас пред да оди на плажа. Наводно, гасот протекувал со часови и целата соба била исполнета со гас. Кога српските туристи се вратиле во апартманот, еден од нив почнал да прави кафе, а наводно, човекот кој бил тешко повреден запалил цигара – објавија грчките медиуми.