СРПСКИ ПОЛИТИЧАР СЕ ПОЛИЛ СО БЕНЗИН И СЕ ЗАПАЛИЛ Го спасиле случајни минувачи, сега се бори за живот

Српските медиуми објавија дека човекот што се самозапалил е советник во Собранието на општина Топола.

1,300

53-годишен српски политичар се бори за живот во болницата во Крагуевац откако од засега непознати причини се полил со бензин и се самозапалил зад зградата на општината во местото Топола.

Српските медиуми објавија дека човекот што се самозапалил е советник во Собранието на општина Топола.






– Во средата беше на собраниска седница и се однесуваше како и обично. Се беше во ред. Дури и една точка од дневниот ред беше усвоена на негов предлог. После тоа отиде да слави – вели извор на  српскиот портал Блиц.

Што се случило потоа не е познато. Засега е познато дека Дејан ноќта меѓу средата и четвртокот околу четири часот по полноќ дошол зад зградата на општината, се полил со бензин и се запалил.

За среќа имало луѓе во близина кои брзо интервенирале, инаку исходот најверојатно ќе бил трагичен.

– Видовме човек, гореше. Страшна глетка. Притрчавме да помогнеме и веднаш повикавме брза помош. При спасувањето на несреќниот човек повредена е и раката на полицаец – изјави очевидец на настанот за српските медиуми.

Поврзани содржини