📽 СРПСКИ МИНИСТЕР ДОБИ ТЕЖОК МОЗОЧЕН УДАР НА ЕМИСИЈА ВО ЖИВО Глишиќ се бори за својот живот во болница
Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, изјави дека министерот Дарко Глишиќ е примен во Ургентниот центар во многу тешка состојба и без свест, и дека веднаш е започната дијагностика и терапија. Тој нагласи дека се преземаат сите можни медицински мерки, но дека состојбата е исклучително сериозна и дека предизвикала голема загриженост кај неговите блиски, партиските колеги и кај самиот претседател Александар Вучиќ, кој е постојано покрај него.
На српскиот министер за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ, му се слошило за време на гостувањето во програмата на ТВ Пинк во живо. Дарко Глишиќ доживеал тежок мозочен удар, а лекарите се борат да го спасат неговиот живот, објави Новости.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, веднаш штом дознал што се случило со министерот, отишол во болница. Инаку, Глишиќ е кум на српскиот претседател.
Министерот за здравство, Златибор Лончар, изјавил дека Глишиќ бил однесен во Ургентниот центар во исклучително тешка состојба, без свест.
– Во тек е дијагностика, дел од неа е веќе завршена и започната е терапија. Станува збор за исклучително сериозна состојба. Ќе се примени сѐ што медицината познава и што е можно да се направи. Сите сме загрижени, тука се и неговите најблиски, и луѓе од партијата, претседателот е од првиот момент покрај Дарко, исклучително загрижен. Ова нѐ потресе сите, но се надеваме дека со соодветна терапија и лекување ќе успееме. Факт е дека состојбата е исклучително тешка – рече Лончар.
Претседателот Вучиќ, кој се наоѓа во болницата, преку Инстаграм испрати кратка порака со поддршка за министерот Глишиќ:
„Даре, држи се! Нема предавање!“, напиша Вучиќ.
View this post on Instagram