Српски масер лажел дека е пластичен хирург и искасапил пет жени

Наместо да ги разубави, како што им ветувал, лажниот доктор на многу жени им предизвикал лузни, изгореници и дупки на разни делови од телото од каде земал мрсно ткиво за пресадување во гради или во уста. Дел од пациентките кои го пријавиле и го тужат Кнежевиќ, велат дека им бил загрозен и животот.

439

Масерот Сава Кнежевиќ (23) и неговата мајка Данијела (49), инаку цвеќарка по професија, биле уапсени утрово за надрилекарство, при што се осомничени дека досега осакатиле пет лица, лажно претставувајќи се како пластични хирурзи.

Српските медиуми јавуваат дека основното јавно обвинителство во Белград наредило Кнежевиќ да биде притворен, а обвинет е за осакатување на пет лица.






Како што јавуваат медиумите во Србија, Кнежевиќ, лажно претставувајќи се како естетски хирург, имал канцеларија во центарот на Белград, каде оперирал и осакатувал многу жени.  Ординацијата била опремена со најскапа опрема и се наоѓала на атрактивна локација во центарот на Белград, но околу неа немало никаква назнака дека се работи за медицинска установа. Хируршите зафати се вршеле на импровизирана маса за операции поставена на застаклена тераса, а на „докторот“ Кнежевиќ му помагал цел медицински тим, за кој полицијата сѐ уште открива дали биле измамници како и газдата, или се работи за вистински лекари кои не знаеле за кого работат.

Уапсениот Кнежевиќ имал завршено само прва година на Стоматолошки факултет, а работел како масер со завршен курс. Наместо да ги разубави, како што им ветувал, лажниот доктор на многу жени им предизвикал лузни, изгореници и дупки на разни делови од телото од каде земал мрсно ткиво за пресадување во гради или во уста. Дел од пациентките кои го пријавиле и го тужат Кнежевиќ, велат дека им бил загрозен и животот.

 

Поврзани содржини