Српски лекар станал милионер преку ноќ: Со откритие старо 20 години спасува пациенти заболени од коронавирус
Професорот Ратко Ѓукановиќ (65), еден од најдобрите светски експерти за астма и хронични опструктивни болести на белите дробови, заедно со двајца колеги од Универзитетот во Саутхемптон дошол до големо откритие во лекувањето на пациентите заразени со коронавирусот, пишува „Телеграф.рс“.
Српскиот експерт и професорите Стивен Хојгејт и Дона Дејвис пред 20 години откриле дека протеинот интерферон бета кој помага кај настинка, им недостасува на оние кои боледуваат од астма и хронични болести на белите дробови. Врз основа на тоа, нивната компанија „Synairgen“ развила негова замена која им помага на пациентите со вирусни заболувања, пишува „Гардијан“.
Клиничкото истражување на нивниот лек SNG001, базиран на интерферон бета, е завршено пред неколку дена и покажало дека пациентите заразени со коронавирус имаат два до три пати поголеми шанси за закрепнување со оваа терапија отколку со плацебо. На примероците од 101 заразен било утврдено дека шансите за развој на тежок облик на болеста се помали за 79 отсто, додека чувството за губење на здив е исто така драстично намалено.
FOTO: YOUTUBE/SCREENSHOT/EUROPEAN RESPIRATORY SOCIETY