Српски епидемиолози: Врање стана жариште поради Македонците кои доаѓаат на шопинг

Расте бројот на пациенти во Врање со тешка и умерена клиничка слика. Болеста се јавува кај сите возрасти, претежно меѓу работната популација, но има значителен број заразени деца од предучилишната и училишната возраст, велат српските епидемиолози.

3,607

Исклучително тешка е епидемиолошката состојба во Врање, а покрај наглото зголемување на бројот на заразени, овој град бележи и зголемен број пациенти со потешка клиничка слика, додека, пак, капацитетите на болниците се целосно исполнети, вели српскиот епидемиолог д-р Слаѓан Станковиќ, објави „Блиц“.

Голем проблем претставува и големиот број Македонци кои постојано доаѓаат на шопинг во Врање.

Д-р Слаѓан Станковиќ Епидемиолог





Тој тврди дека таквата состојба во Врање е поради големиот број Македонци кои редовно одат на шопинг во овој град.

– Има голем број хоспитализирани. Сите капацитети на болниците се исполнети. Расте бројот на пациенти со тешка и умерена клиничка слика. Болеста се јавува кај сите возрасти, претежно меѓу работната популација, но има значителен број заразени деца од предучилишната и училишната возраст. Голем проблем претставува и големиот број Македонци кои постојано доаѓаат на шопинг во Врање – изјави д-р Станковиќ.

Дека Врање е новото жариште на ковид-19 во Србија пред две недели потврди и д-р Бранислав Тиодоровиќ, член на кризниот штаб на Србија. Во гостување на емисијата „Београдска хроника“, тој рече дека можно е една од причините да биде тоа што државјани на Македонија масовно доаѓаат на шопинг во Врање.

Поврзани содржини