📽️ СРПСКИ АВТОБУС СО ТУРИСТИ КАМЕНУВАН ВО ГРЦИЈА Повредени двајца патници и еден возач

Во нападот врз автобус полн со српски туристи кои се враќале од одмор, неколку прозорци биле скршени со камења.

875

Автобус со 38 српски туристи синоќа беше нападнат со камења на автопатот Егнација, во близина на излезот за стариот државен пат Солун-Верија во Грција.

Според полициски извештај, инцидентот го предизвикале четири лица, најверојатно малолетници, пишува Прототема.






Во нападот врз автобус полн со српски туристи кои се враќале од одмор, неколку прозорци биле скршени со камења.

Двајца патници и еден од возачите се здобиле со полесни повреди, објавува Катимерини. Полицијата привела две лица во врска со инцидентот, но досега не се утврдени докази против нив, па затоа се ослободени.

 

Поврзани содржини