СРПСКАТА ПРЕТСТАВНИЧКА НА ЕВРОВИЗИЈА СЕ ПРЕПОЛОВИ Бојана Стаменов ослабна 45 килограми (ФОТО)

Откако се појави на јавната сцена, таа се бори со вишокот килограми. Таа често истакнувала дека е хедонист, дека ужива во храната и дека не сака да држи диети.

8,248

Пејачката Бојана Стаменов подолго време имаше проблеми со вишокот килограми, по што ги промени животните навики, а резултатите се многу видливи.

Бојана важи за една од пејачките со најдобри вокални способности во Србија. Откако се појави на јавната сцена, таа се бори со вишокот килограми. Таа често истакнувала дека е хедонист, дека ужива во храната и дека не сака да држи диети.






Меѓутоа, Бојана сега се предомислила и решила да се посвети на своето здравје, а резултатот кој го постигнала е неверојатен.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana Stamenov (@_bojana_stamenov_)

Таа неодамна откри дека ослабела дури 45 килограми, а најдобар доказ за нејзината трансформација се фотографиите кои ги прикачува на Инстаграм и на кои изгледа одлично.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana Stamenov (@_bojana_stamenov_)

Инаку, Бојана Стаменов е српска џез и блуз пејачка. Таа стана позната на пошироката јавност по учеството во шоу програмата „Јас имам талент!“. Таа ја претставуваше Србија на Изборот за песна на Евровизија 2015 година во Виена, каде го зазеде 10-тото место со песната „Beauty Never Lies“. Нејзината евровизиска песна беше прогласена за неофицијална „геј химна“, а летото истата година Бојана ја изведе својата песна и на амстердамскиот Прајд.

ФОТО: Википедија/Инстаграм

Поврзани содржини