Српската пејачка се огласи од Шведска: Позитивна сум на коронавирус, брза помош доаѓа само ако умирате

2,071

Српската музичарка Кристина Ковач, која живее во Шведска, објави на Твитер дека е позитивна на коронавирус.

Таа прво откри дека е заразена со ковид-19, по што објасни дека здравството во Шведска лошо функционира.






„Позитивно како врата, седми ден од болест. Се влошува од ден на ден. Нема медицинска нега и следење за пациентите со КОВИД, само брза помош во случај на гушење/смрт“, напиша 46-годишната пејачка во Стокхолм на Твитер, предизвикувајќи бројни реакции.

Таа исто така напишала дека не смее да пие аспирин поради астмата, а исто така опишала и дека пациентите кои лежат дома буквално се оставени сами на себе.

„Се јавив. Човекот не ми рече НИШТО. Тоа е вирус, ништо не можеме да сториме во врска со тоа. Ниту на што да обрнам внимание, ниту што да земам, апсолутно ништо“, додала музичарката.

Ковач, одговарајќи на пораката на еден следбеник на Твитер, наведе дека ѝ треба здравствена заштита, која, како што рече, редовно ја плаќа преку данок од својата плата.

– Ми треба рендген на белите дробови, анализа на крвта – порача Кристина Ковач.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини