Двајца српски туристи, меѓу кои е пејачката Романа Паниќ (45), се уапсени во Австралија заради употреба на софистициран систем со кој снимале луѓе кои користат банкомати, а потоа ги копирале податоците и банкарските картички. Осудени се на 14 и 12 месеци затвор, јавуваат австралиските медиуми, пренесе српски „Блиц“.
Пејачката Романа Паниќ (45) и агентот за продажба на недвижности Филип М. (40) се осомничени за инсталирање на уреди за снимање на три банкомати во Бризбејн во текот на март и април, јавува австралискиот портал southcoastregister.
Тие во Австралија престојувале како туристи каде западнале во проблеми со пари, пред да го смислат планот како да набават пари, рекол судијата на Окружниот суд во Бризбејн, Пол Смит.
