Српската пејачка Романа Паниќ вчера била пуштена од затворот во Австралија. Набргу се огласила од имиграциониот центар во Бризбејн и покажала каде точно чека за депортација за Србија.
Имено, пеjачката е пуштена од затвор во Бризбејн, каде што отслужуваше затворска казна од 25 јуни поради кражба од банкомати, со нејзиното момче, кое престојува во Италија.
Бидејќи не пријавила никаков прекршок и примерно се однесувала во затворот, Романа пуштена е на слобода на 1 август. Откако ја призна вината, Романа беше осудена на 12 месеци затвор, со право на помилување по еден месец издржување на затворска казна.
– Поздрав од имиграцискиот центар од Бризбејн – напиша пејачката.
FOTO: Instagram