Српската пејачка Славица Ќуктераш до неодамна се бореше со коронавирусот. По три недели борба конечно добила негативни резултати на ковид-19. Но, пејачката повторно се соочила со здравствени проблеми.
Ќуктераш ги загрижи своите следбеници на Инстаграм со фотографијата што ја објави, а на која повторно покажува дека лежи во болница.
Ппејачката неодамна се излекува од коронавирусот по тринеделна борба со него, а сега повторно заврши во Ургентниот центар со зголемена температура и болки во грлото.
Овој пат, како што самата објасни, станува збор за гнојна ангина.
– Таму утврдија дека се работи за гнојна ангина и ми рекоа да земам уште антибиотици, но секако денеска повторно ќе одам на лекар, па ќе видиме. Силна сум јас. Кога ја преживеав корона, ќе преживеам сѐ – заклучила пејачката.