СРПСКАТА МИСИЦА ПОКАЖА ДВОГЛАВ ОРЕЛ, АЛБАНСКАТА КРЕНА ТРИ ПРСТА „Војна“ на изборот за убавина (ФОТО)
Реакциите, нападите и осудите не стивнуваат ниту за српската ниту за албанската мисица.
Вчера како бомба одекна веста дека српската претставничка на изборот за Мис Интерконтинентал Валентина Петровиќ заедно со претставничките на Црна Гора, Албанија и на Косово, покажаа двоглав орел, пишува српски „Мондо“.
По скандалозниот гест на српската мисица на изборот за Мис Интерконтинентал во Египет, нејзината колешка Албанка од натпреварот покажа српски симбол, три прста.
ФОТО: INSTAGRAM/PRINTSCREEN/FRONTINNAGASHI
Првично се појавија шокантни фотографии од српската мис Интерконтинентал Валентина Петровиќ, која се фотографираше со Мис на Албанија, Црна Гора и Косово, каде што сите четири девојки покажаа албански двоглав орел. Потоа се појави фотографија на која позираат покажувајќи три прста, а сега излезе трета – најновата фотографија од претставниците која предизвика вистинска бура во јавноста.
На третата фотографија Црногорката Уна Мугоша позира со српската мисица Валентина Петровиќ, албанската мисица Фронтина Гаши, како и со претставничката на Косово, Беса Читаку, покажувајќи ја латинската буква „Л“.
Инаку, два кренати прста во форма на буквата „L“ (палецот и показалецот) значат „E viva Montenegro“, или „Да живее Црна Гора“.
INSTAGRAM/PRINTSCREEN/FRONTINNAGASHI
Српската претставничка ја дочекаа на нож, а албанските медиуми го осудија однесувањето на нивната мисица.
Српската претставничка Валентина по фотографијата на која со рацете покажува двоглав орел, се обиде да се оправда во соопштението на социјалните мрежи, велејќи дека девојките ја повикале да се фотографираат, и дека таа во налет на еуфорија не ни забележала дека така ѝ ги наместиле рацете.
Инаку, мисиците престојуваат на изборот за Мис Интерконтинентал во Шарм ел Шеик, Египет.
ФОТО: Инстаграм