„СРПСКАТА ЛИСТА НЕ МОЖАТ ДА ЈА ПОТКУПАТ КУРТИ И ОНИЕ ОД СВЕТОТ“ Вучиќ ги повика Србите да гласаат на косовските избори

За утре се закажани парламентарни избори во Косово.

488

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги повика сите Срби од Косово утре да учествуваат на косовските парламентарни избори.

Вучиќ рече дека на Србите не треба да им биде тешко да патуваат во Косово со автомобили или автобуси и да гласаат за Српската листа, бидејќи таа партија, како што рече, е единствената гаранција дека косовскиот премиер Албин Курти нема да ги протера Србите.






– Српската листа не може да ја поткупат Курти и оние од светот – рече Вучиќ.

За утре се закажани парламентарни избори во Косово.

Поврзани содржини