СРПСКАТА ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ВУЧИЌ Дали бил употребен звучен топ?

Според Миливојевиќ, се јавиле неколку стотици граѓани, кои предале придружна документација и сведочеле за последиците.

419

Претседателот на српската Демократска партија (ДС), Срѓан Миливојевиќ денеска до Обвинителството за организиран криминал поднесе кривична пријава против српскиот претседател Александар Вучиќ и други лица за „пукање кон граѓани на Србија“ на 15 март со звучно или акустично оружје, поткрепена со медицинска документација со согласност на граѓаните.

Миливојевиќ рече дека по тој „терористички чин“ ДС ги повикала сите граѓани кои биле повредени, односно имале здравствени последици да се јават.






Според Миливојевиќ, се јавиле неколку стотици граѓани, кои предале придружна документација и сведочеле за последиците.

Како што рече, на дел од граѓаните „не им било дозволено кривично да ги гонат сторителите, додека на некои не им било дозволено ниту да одат во здравствени установи и да извадат медицинска документација со која се потврдува дека претрпеле последици, а сето тоа поради страв да не бидат внесени во криминално досие“.

Поврзани содржини