СРПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ЈА УКИНА ПРОВИЗИЈАТА НА МЕНУВАЧНИЦИТЕ Нема да се објавува продажниот курс на јавни места
Ваквата одлука на српската централна банка е предизвикана од последните случува кога еврото во српските менувачници се менуваше за 120 динари, износ многу повисок од утврдениот девизниот курс и предизвика паника меѓу граѓаните.
Народната банка на Србија привремено ја укина можноста за наплата на провизија во менувачниците при продажба на евра на граѓаните, со цел заштита на интересите на граѓаните и спречување на неоправдан психолошки притисок врз девизниот пазар.
Мерата нема однапред одреден временски рок и ќе се применува сè додека пазарните околности го бараат тоа.
Ваквата одлука на српската централна банка е предизвикана од последните случува кога еврото во српските менувачници се менуваше за 120 динари, износ многу повисок од утврдениот девизниот курс и предизвика паника меѓу граѓаните.
Ваквиот курс според Народната банка на Србија не бил формиран врз основа на пазарните трендови, туку бил можен само во случај кога менувачот истовремено го применил максималното дозволено отстапување на продажната стапка од средниот курс од 1,25%, како и максималната провизија дозволена со закон од 1%.
Според НБС, со усвојувањето на нова привремена мерка со која се укинува можноста за наплата на провизија, повеќе нема да има причина продажните курсеви да се појавуваат на менувачниците или на јавни места.
Народната банка на Србија вели дека нема да дозволи преку поединечни примери, известувања од одредени медиуми или социјални мрежи да се создава лажна слика за состојбата на девизниот пазар, ниту да се предизвикува паника во чувствителни моменти на штета на граѓаните и финансиската стабилност на Република Србија.